Активистка дознала дека нејзиниот партнер е всушност полицаец на тајна задача, а судот имаше што да каже за постапката на надлежните

Кејт Вилсон повеќе од една година била во врска со Марк Кенеди, кој поминал неколку години инфилтрирајќи се во левичарските групи, каде што ја запознал Вилсон додека таа водела еколошка кампања во 2003 година.

Во 2010 година, таа дознала дека тој всушност е оженет полицаец, а сознанието довело до децениска кампања против полицијата и Советот на началници на националната полиција (СННЦ) во обид да ја открие вистината.

На 30 септември, судиите од Трибуналот за истражни овластувања пресудија дека таа претрпела пет прекршувања на човековите права, и дека неуспехот да се спречат тајните службеници да се впуштаат во с*ксуални односи е незаконска дискриминација.

Вилсон тврди дека постои „распространета рамнодушност“ во полицијата околу тоа тајните службеници да започнат односи со субјекти, тврдење што СННЦ го негираа.

Меѓутоа, судиите во Трибуналот одлучиле дека ова обвинување е „материјално поткопано“ со фактот дека Кенеди и другите полицајци редовно се впуштале во односи со жени „без да им бидат поставени прашања и без да се преземат мерки од повисоките офицери“.

„Ние сме разочарани до заклучок дека или високите офицери биле многу наивни или избрале да замижат пред ваквото однесување, што, секако, во случајот со Кенеди, било корисно за операцијата“, рекоа судиите во својата пресуда.

Иако е вознемирувачки, случајот на Вилсон не е изолиран инцидент, бидејќи неколку други активистки излегоа со свои искуства дека биле измамени од мажи, за кои подоцна откриле дека се од „тајната полиција.