Горила ги импресионира сите со своите „брејкденс“ вештини
Животот во заробеништво понекогаш сигурно станува здодевен, но една горила ја искористи својата ситуација за да научи нова неочекувана вештина.
Во клипот објавен на „ТикТок“ од зоолошка градина во Далас, САД, може да се види сребрената горила, наречена Зола, како ги покажува своите импресивни вештини за „брејкденс“ додека игра во базенот со вода.
Клипот, кој го снимил зоологот Ени Б од Далас, стана хит на „ТикТок“, добивајќи повеќе од 3,3 милиони прегледи и илјадници восхитувачки коментари.
„Нема да лажам … тоа вртење беше непречено“, коментираше едно лице, а друго напиша: „Брат, остави нешто за нас!“
Сепак, не беа сите толку импресионирани, бидејќи клипот беше објавен и на Редит, каде што некои луѓе имаа негативно мислење, а едно лице коментираше: „На тоа животно му е досадно таму, и се забавува со вода. Колку тажно“.
„Можете ли да замислите каке е да бидете затворени во таква кутија … ова не е нормално дечки“, напиша друго лице.
Зоолошката градина во Далас оттогаш одговори на загриженоста за благосостојбата на Зола, уверувајќи ги сите дека собата на видеото е „дел од голем внатрешен простор што се поврзува со уште поголем надворешен простор“.
