Девојка потрошила 10.000 долари за промена на изгледот откако насилник ја споредил со птица

Кејти Крукс (18) од Далас, Тексас, вели дека првпат го скршила носот на деветгодишна возраст кога правела салто, а на 13 -годишна возраст нејзините врсници во училиштето почнале да го малтретираат за нејзиниот изглед. Подоцна, девојчето постојано го повредувало носот: од удар до вратата на автомобилот, еднаш куче скокнало врз неа и за крај конзерва од фрижидерот паднала на нејзиното лице.

Нејзин соученик ја споредил со Тукан, поради изгледот на нејзиниот нос. По редовното малтретирање, Крукс го мразела нејзиниот одраз во огледалото и се обидувала да ја скрие мааната со шминка. Наскоро направила две ринопластични операции кои чинеле 10.000 долари, а момчето кое ја навредувало во детството ѝ се извинило.

„Силеџиството ме направи силна личност и ме научи да се сакам себеси. Повторно би ги поминала сите овие тешкотии, бидејќи тие вредеа на чувството на среќа што сега го доживувам “, вели таа.