Човекот имал многу „тежок ручек“ па докторите морале да го оперираат за да го извадат „оборкот“ од неговиот стомак

На еден човек му биле отстранети повеќе од килограм метални предмети од стомакот откако бил примен во болница со силни болки во стомакот.

Лекарите во Литванија го оперирале човекот три часа за да му отстранат повеќе од килограм метал, вклучувајќи клинци и завртки, од стомакот.

Човекот, чиј идентитет не е познат на јавноста поради правилото за заштита на приватноста на пациентите, бил примен во болница во градот Клајпада, а рендгенските снимки направени од неговиот стомак покажале дека е полн со метални парчиња, некои долги дури 10 см.

Успешната тричасовна операција довела до отстранување на секое парче метал во стомакот на човекот, по што тој сега е во стабилна сосотојба.

Алгирдас Слепавичиус, главен хирург во Универзитетската болница Клајпада, за локалните медиуми изјави дека „никогаш не видел нешто слично“, што е лесно да се поверува бидејќи повеќето луѓе немаат метални предмети во стомакот со тежина од еден килограм.

Според лекарите, мажот почнал да грицка метални предмети во текот на минатиот месец откако се откажал од пиењето.

Зошто одлучи да го замени алкохолот со метал е се` уште мистерија, но се надеваме дека ќе се откаже од оваа навика и ќе ја замени со нешто помалку опасно.