„Што му направил Том Круз на лицето?“ Ѕвездата на „Топ Ган“ изгледа непрепознатливо и предизвика бројни шпекулации

На 59 години, тој е еден од најпрепознатливите холивудски акциони херои од А-листата.

Но, во саботата, Том Круз изгледаше речиси непрепознатлив додека уживаше во кошаркарски натпревар во Сан Франциско.

Том седеше до својот син Конор Круз и двајцата го гледаа натпреварот со насмевки на лицата, а многумина подоцна излегоа на социјалните мрежи за да дебатираат за промените на изгледот на sвездата на „Топ Ган“.

Иако многу корисници на „Твитер“ беа скептични околу тоа дали навистина човекот на фотографиите е Круз, други го споредуваат неговиот изглед со канадскиот стенд-ап комичар Норм Мекдоналд, поранешната sвезда на СНЛ, која почина минатиот месец.

Друг едноставно праша: „Што му направил Том Круз на лицето?“

Како и да е, некои скокнаа во негова одбрана, а еден обожавател напиша: „Том Круз накачил некое кило затоа што веројатно не снима филм во моментов што бара од него да биде во над-човечки добра форма“.

Друг корисник на Твитер напиша: „Отпрвин се чувствував малку лошо што сите го исмејуваат лицето на Том Круз, бидејќи искрено ми изгледа како некаков несакан ефект од пластична операција или многу лоша алегрија“.