Жена на смртна постела се збогува со нејзините сакани миленици откако персоналот во болницата ѝ ја исполнил последната желба
Трогателните фотографии покажуваат како на смртно болна жена ѝ се пружи шанса да се збогува со своите сакани миленици од нејзиниот болнички кревет.
68 -годишната Јан Холман од Чешир, Англија, помина четири недели во болница, очајна затоа што не можела да ги види своите миленици, кучињата Монти и Роули и коњот Боб.
Вработените во болницата одлучија да ја изненадат дозволувајќи им на нејзините крзнени пријатели срдечна средба со болната жена.

Иако Јан не можела да стане од кревет, таа рекла дека е многу возбудена што ќе има шанса да го види Боб уште еднаш.
Медицинските сестри го пренеле нејзиниот кревет до вратите на болницата, а тимот од шталите на фармата Торнли, каде што живее Боб, го донеле коњот со цел да се збогува со неговиот сопственик.

Таа рече: „Едноставно не можам да верувам што направи персоналот за мене“.

„До пред неколку недели јас се` уште го јавав Боб секој ден и тој е толку важен дел од мојот живот, и многу ми недостигаше“.
„Се надевав дека може да се организира посета на моите кучиња бидејќи имавме сосед кој беше пациент во болницата пред неколку години и ни беше дозволено да ги носиме кучињата да го посетат, но не очекував дека ќе имам шанса да го видам Боб уште еднаш“.

Сопругот на Јан, Денис, кој е во брак со Јан 46 години, рече: „Беше олеснување што можевме да именуваме посетители кои можат редовно да доаѓаат и да ја посетуваат Јан. Но јас никогаш не замислував дека ќе можеме нашите кучиња Монти и Роули и коњот, Боб да ги ставиме на листата на посетители“.
