10 кратки вицови за повесел викенд
Ми стигна новата сметка за струја. Си направив математика. Ако ја поминам зимата на Малдивите, ќе ми излезе 500 денари поевтино.
– – – – – – –
– Перо, каде, бе?
– Одам во кафана.
– Ќе се задржиш ли?
– Не, одам, пијам на бризна и ме донасаат.
– – – – – – –
Критичната возраст кај мажите е меѓу 55 и 65 години. Така е затоа што ниту пензија ти даваат, ниту жените ти дават…
– – – – – – –
– Цуци, јас со мојот маж спиев само 3 пати пред да се земеме, а ти?
– Јас 5, но не знаев дека ќе се земете!
– – – – – – –
Решив да го обикалам светот, додека не ги потрошам сите пари. Стигнав до супермаркетот и се вратив!
– – – – – – –
Верната жена во кревет го може само тоа, кое што мажот ѝ ја научил!
– – – – – – –
– Драги, тестот ми е позитивен.
– Ајјј, сега две недели ќе сме во карантин.
– Докторот спомна 9 месеци.
– – – – – – –
– Извинете господине, но немам ситни да ви вратам кусур. Земете си две гуми за џвакање Чунга Лунга…
– Јас на дете да не ви личам!?! Дајте ми со Терминатор…
– – – – – – –
Како изгледа 69 после 40-тата? Стануваш во 6, легнуваш во 9.
– – – – – – –
– Жено, зошто шишето со ракија е половина празно?
– Зашто си песимист, затоа!