„Хутерс девојките“ се жалат на новите униформи велејќи дека не сакаат да носат танга на работа

„Хутерс“  рестораните се познати по провокативните униформи кои ги носат келнерките, но новите скудни шорцеви за женскиот персонал предизвикаа револт беа споредени со „гаќи“.

Новите униформи, кои беа воведени овој месец, предизвикаа бес кај „Хутерс децојките“ од кои неколкумина брзо отидоа на „Тикток“ да го искажат својот ужас од новата униформа, истовремено покажувајќи ги „откривачките“ шорцеви на своите следбеници.

Одлуката на „Хутерс“ да воведе „гаќи“ наместо шорцеви е голема промена во ланецот ресторани кој беше основана од шест мажи во 1983 година и брзо изгради славна репутација за ангажирање жени со голем гради кои им служат на клиентите додека носат тесни маички со длабоко деколте.

Униформата отсекогаш била главен фокус во „Хутерс“, а девојќите велат дека порано имало правило дека треба да го покријат задникот за да главен фокус биде нивното деколте.

Можеби, воведувањето нова униформа во  „Хутерс“ е под влијание на извештајот од 2017 година, во кој се наведува дека значајниот пад на продажба е делумно резултат на промената на „с*ксуалните фантазии на мажите“.

Во тоа време, Business Insider објави дека денес мажите се “помалку заинтересирани за градите отколку порано“, откако веб-страницата за возрасни Порнхаб откри дека луѓето на возраст од 18 до 24 години имале 19 проценти помала веројатност да бараат гради кога бараат содржина со рејтинг Х, отколку постарите генерации.

За четирите години откако беа објавени тие бројки, бизнисот на „Хутерс“ продолжи да се намалува, и се чини дека компанијата сега се обидува да го реши проблемот со нови униформи.

Иако претходната униформа на ланецот вклучуваше многу кратки шорцеви, голем број од вработените во ресторанот велат дека секогаш се чувствувале удобно во дизајнот, бидејќи задникот им бил целосно покриен.

Од друга страна, новите гаќи, затегнати до кожа, го прават спротивното благодарение на нивниот многу откривачки дизајн.

Многу од келнерките излегоа на социјалните мрежи за да се пожалат од новите униформи и ги споредија со „порнографски“.