10 кратки вицови за весел старт на работната недела
Вчера платив две заостанати сметки за струја одеднаш. Денес некој ми ѕвони на вратата. Отворам, гледам двајца од УЈП, да проверат како сум успеал.
– – – – – – –
Клетва за политичар:
– Да да де Господ да живееш така како што си пријавил во имотниот лист!
– – – – – – –
Женското „НЕ СЕ ЛУТАМ“ е како заболекарското „НЕМА ДА БОЛИ“!
– – – – – – –
Само за две нешта жената жали цел живот:
1. Зошто се омажив за него?
2. Зошто не се омажив за него?
– – – – – – –
– Брат, знаеш ли што е тоа да си со измешани чувства?
– Што?
– Жена ти да ти каже, дека твојот е најголем во целото маало!
– – – – – – –
„Големиот проблем на цитатите на интернет е, што повеќето луѓе веруваат во нивната автентичност.“
Гоце Делчев
– – – – – – –
– Сакам принц ма бел коњ, мамо!
– Нема ќерко, сега сите се принцези!
– – – – – – –
Мојот внатрешен глас ми вели:
– Ожени се, зошто кога ќе остариш, ќе нема чаша вода кој да ти донесе…
Мојот уште повнатрешен глас ми вели:
– Не прави глупости, ти вода не пиеш.
– – – – – – –
Девојки, бензинот веќе е 80 денари. Тој не доаѓа само за да ве види.
– – – – – – –
Работен ден, канцеларија. Шефот вика по секретарката:
– Кети, донеси ми хартија.
– А-четири ли, или А-три?
– А-брзо! Во тоалет сум!

