Разочаран крадец оставил порака за домаќинот откако не нашол доволно пари

Разочаран што не можел да најде доволно пари и накит во резиденцијата на владин претставник во округот Девас во Индија, крадец оставил писмо.

Слика од писмото се појави на социјалните мрежи, а на него пишува  „Jab paise nahi they toh lock nahi karna tha collector (кога нема пари, не требало да заклучуваш врата, колекционер)“.

Полициската станица задолжена за областа Умрао Синг, рече дека 30.000 рупи (340 евра) готовина и неколку парчиња накит се украдени од резиденцијата на Трилочан Синг Гаур, владин претставник во градот Категаон.