Жена открива како дознала дека нејзината маќеа тајно ѝ го дала бебето на посвојување
Една жена го откри застрашувачкиот момент кога сфатила дека нејзината маќеа тајно го дала нејзиното неродено бебе на посвојување.
Роуз Десаре сподели видео во кое објансува како сосема случајно дознала дека нејзиното бебе е ветено на друг пар, а објавата ја виделе повеќе од 2,4 милиони луѓе.
Роуз била во трговски центар во потрага по ѓевреци кога ѝ пришла жена која никогаш порано не ја видела.
Жената, која се претстави како Венди, ѝ рекла на Роуз дека, иако тие не биле „формално запознаени“, таа „го носи нејзиното внуче во стомакот“.

Разбирливо збунета од ова тврдење, Роуз, која во тоа време била бремена во деветтиот месец, ја прашала Венди дале е роднина на нејзиното момче Џон.
Во тој момент Венди објаснила дека е „мајка на Скот, идниот татко на нејзиното бебе“. Првично претпоставувајќи дека Венди се збунила, Роуз појаснила дека нејзината ќерка не е на посвојување.
Сепак, брзо станало очигледно дека нејзината маќеа Линда Роуз, која е фризерка на Венди, им ветила на Венди и нејзиното семејство дека ќе можат да го посвојат бебето, и сето тоа без согласност на Роуз.

Во продолжение на видеото, Роуз појасни дека нејзината маќеа ѝ ја дала на Венди погрешна слика за нејзиното „внуче“:
„Во суштина, мајка ми му кажала на овој пар дека ќе можат да ја посвојат мојата ќерка. Немав поим за ништо од ова. Никогаш не ѝ реков дека сакам да го дадам бебето на посвојување“.
Роуз призна дека не знае што друго да каже за ситуацијата, појаснувајќи: „Јас веќе воопшто не разговарам со неа“.
