Откако му забранија пристап до социјалните медиуми, поранешниот претседател на САД реши сам да си основа своја социјална мрежа
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека на почетокот на 2022 година ќе основа сопствена мрежа за социјални медиуми наречена „TRUTH Social“.
Новата групација за медиуми и технологија на Трамп соопшти дека ќе создаде ривалска социјална мрежа на сегашниот „либерален медиумски конзорциум“ и „ќе се бори против компаниите од Силиконската долина, кои ја искористуваат својата унилатерална моќ за да ги замолчат спротивставените гласови во Америка“.

Трамп рече: „Јас ја создадов „TRUTH Social“ за да се спротивставам на тиранијата што се случува. Живееме во свет каде Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, но сепак вашиот омилен американски претседател беше замолчен“.
„Ова е неприфатливо. Возбуден сум што ќе ја испратам мојата прва ВИСТИНА на TRUTH Social многу скоро. Социјалната мрежа е основана со мисија да им даде глас на сите. Возбуден сум што наскоро ќе започнам да ги споделувам моите размислувања на TRUTH Social и ќе се борам против големите компании. Сите ме прашуваат зошто некој не се спротивставува на компаниите од Силиконската долина? Епа тоа ќе се слулчи наскоро“.

Апликацијата „TRUTH Social“ во моментов е достапна за „пред-нарачка“ во продавницата за апликации на „Apple“, со планови да започне бета верзија на тестирање во ноември.
Се очекува проектот да има почетна вредност од 875 милиони долари, со потенцијална дополнителна заработка од 825 милиони долари, правејќи вкупно 1,7 милијарди долари.
Потегот на Трамп доаѓа откако му беше забрането користење на Твитер, Фејсбук и Инстаграм по немирите во Капитол Хил на 6 јануари. Забраната за Твитер е трајна, а Фејсбук и Инстаграм велат дека ќе размислат за враќање на Трамп.
Претседателот наводно знаел за немирите однапред и помагал да се организира.

Поранешниот претседател претходно упати удар против компаниите, тврдејќи дека тие ја нарушуваат неговата слобода на говор и се управувани од „радикални леви лудаци“.
Бидејќи неговото присуство на социјалните мрежи беше попречено, Трамп комуницираше со поддржувачите преку неговата веб-страница, „Од бирото на Доналд Џ. Трамп“, која беше пуштена во употреба во мај.
