Критичарите ја обвинија поп дивата Бијонсе дека изгледа „премногу европски“ во новата реклама за „Тифани и Ко“

  1. Најновата реклама за „Тифани и Ко“ со парот Картерс предизвика повеќе контроверзии за брендот  поради тврдењата дека кожата на Бијонсе е вештачки осветлена, а еден критичар сугерира дека поп ѕвездата изгледа „бела како Европејка“.

Бијонсе (40) и Џеј Зи (51) се може да ги видиме во „Date Night“, нова реклама објавена од луксузната компанија за накит, како дел од актуелната кампања „За Љубов“.

Во август, Бијонсе наиде на реакции бидејќи носеше „крвав дијамант“ од Тифани, вреден 30 милиони долари, кој бил пронајден во колонијален рудник во Кимберли, Јужна Африка.

Сега, појавувањето на Бијонсе во најновата соработка предизвика обвинувања дека пејачката изгледа „премногу бело“, а еден коментатор, Доминик Самуелс,  рече дека видеото може да испрати „загрижувачка порака“ до обожавателите.

Критичарот Едвард Адоу рече дека sвездата „изгледала како бела Европејка“ и дека е ужасно да се види како црна sвезда ги „камуфлира“ нејзините природни тонови на кожата.

Писателот и коментатор Доминик Самуелс рече дека видеото потенцијално може да биде „штетно“ за младите црнкињи.

„Тоа е многу стилска реклама, но не можете да го скриете фактот дека кожата на Бијонсе изгледа значително посветла отколку што обично е. Треба само да го отворите нејзиниот Инстаграм проофилм и да видите дека таа е многу потемна отколку во рекламата.

„Мора да има рамнотежа, од една страна, зошто сè уште сме опседнати со тоа како изгледаат луѓето? Од друга страна, Бијонсе, како црнкиња, испраќа загрижувачка порака до нејзините млади обожаватели кои бараат инспирација во неа“.

„Тоа испраќа порака дека посветлата кожа е поубава и иако осветлувањето не е толку вообичаено во западните земји, во некои африкански земји се` уште е многу распространето. Некои луѓе се подложени на многу опасни процедури, буквално ја топат кожата за да ја осветлат“.