Чувар дошол точно на време на работа и бил опоменат од надредениот, приказната предизвика жестока дебата на интернет

Човек кој се појавил на работа токму во моментот кога почнала неговата смена, имал проблеми со својот претпоставен, a тоа предизвика жестока дебата на интернет.

Пишувајќи анонимно на темата  „Дали сум јас кретен“ на социјалната мрежа Редит, човек кој започнал нова работа како чувар ја опиша неодамнешната ситуација на неговото работно. Тој бил во „невоља“ затоа што се појавил на работа точно на време.

Во својата објава, тој праша дали не е во право затоа  што дошол на работа „на време“, што доведе до тоа многу луѓе да го споделат своето мислење.

Објаснувајќи ја својата ситуација, чуварот опиша како пристигнал во продавницата точно во 10.00 часот. Бидејќи ова време му било посочено како почеток на работното време, тој не мислел деќа ќе има проблем, но се излажал.

Бидејќи одвоил неколку минути за да стави некои лични работи во ормарот пред да започне со смена, менаџерот на продавницата му кажал на човекот дека треба да дојде на работа неколку минути порано за да биде подготвен да започне со работа во 10 часот наутро.

Човекот  му одговорил на менаџерот дека тоа нема да се случи бидејќи не гледа зошто се бара да биде на работа пред да започне смената кога не бил платен за тоа.

Општата јавност беше поделена околу тоа дали човекот е во право или не, иако најпопуларните коментари под објавата беа наклонети кон тоа дека чуварот не е во право со образложение дека започнувањето со работа во 10.00 часот значи дека треба да сте подготвени да ја започнете вашата смена во тоа време, а не само да влезете во просториите.

Некои коментатори се согласија со чуварот, велејќи дека не му должат ништо на својот работодавец и дека не треба да се очекува да доаѓаат порано ако за тоа не им е платено.

Какво е вашето мислење во врска со темата?