Мелбурн слави ослободување од најдолгиот карантин во светот, што траеше цели 262 дена
Трпеливите жители на Мелбурн конечно се на слобода по 262 дена домашен притвор. Луѓето се упатија кон баровите, клубовите и рестораните на полноќ откако стапката на вакцинација во австралиската држава Викторија достигна 70%. Редици беа забележани во баровите, па дури и во Мекдоналдс.
Неколку месеци милиони луѓе беа принудени да останат во своите домови од 21 до 5 часот наутро поради омразеното правило. Во текот на изминатите две години, во Мелбурн имаше дури шест полициски часа, од кои овој беше најдолг.





























