„Украинската Рапунзел“ не ја крати косата од својата 12 -та година

Висината на 38-годишната Ала Перкова од Одеса е само 160 сантиметри, но нејзините локни ја надраснале за цели седум сантиметри. Според зборовите на Украинката, последен пат ја скратила косата кога имала 12 години.

“Ножиците не ми ја допираа косата речиси триесет години. Сега се долги околу 167 см, што е повеќе од мојата висина. Во последните пет години должината не се зголеми – само врвовите стануваат потенки”, вели Ала Перкова.

Девојката работи како модел и секако се грижи за косата, но нема тајни средства. Според Ала, клучот за успехот е добрата генетика. Мајката на жената, Марија, цел живот носи долга коса. Сепак, Украинката има неколку совети. За да ја одржите косата здрава и силна, треба да бидете помалку нервозни и да се ослободите од сите хемикалии во бањата.

„Немам некоја специфична диета која помага за раст на косата. Само се трудам да не се нервирам. Не ја фарбам со никакви бои или користам никакви специјални производи. Само ја чешлам полека и внимателно.”