Криси Тајген открива дека ја носи пепелта на нејзиниот покоен син на патувања со семејството на инсистирање на нејзините деца
Криси Тајген откри дека со себе ја носи пепелта на нејзиниот покоен син Џек на семејни патувања на инсистирање на нејзините две деца.
Во искреното интервју со „Scary Mommy“, Тајген откри како нејзината ќерка Луна (5) и синот Мајлс (3) се справуваат откако минатата година трагично го загуби нивниот брат во 20-тата недела од бременоста.

35-годишната Тејген призна дека ја носи пепелта на Џек со себе и дека нејзините деца дури му даваат чаша вода по нивното долго патување.
„Без разлика дали одиме на одмор или нешто слично, тие секогаш велат: „Не заборавајте го бебето Џек“. И тогаш морам да го спакувам. И кога стигнуваме до местото каде што одиме, тие велат: „О, боже, тој мора да е жеден“. Ова можеби им звучи лудо на луѓето, но тие ќе стават малку вода во чаша до неговата мала кутија со пепел“.

Децата на Тајген дури го цратаат како ангел на училиште.
„На училиште кога цртаат работи, го цртаат како ангел. Многу зборуваме за него“, рече таа.
Пепелта на нивниот син, исто така, им помогна на децата да ја прифатат загубата на нивниот брат.
Тејген, исто така, призна дека нејзините деца веќе биле свесни дека нешто не е во ред во деновите пред трагедијата.
„Тие беа сведоци на целото искуството. Јас одев во тоалет, а Луна ќе беше на вратата кога ќе излезев и ќе речеше „Дали уште крвариш?“ Таа знаеше сè. Така, нема бегање од тоа, дури и да сакам“.

„Им рековме дека го изгубивме, но дури кога ја вративме неговата пепел дома, мислам дека тие сфатија: „Во ред, ова се случи“. Тоа беше начин за нив да пренесат приказна во која можеме да кажеме: „Во ред, Џек е овде и ќе остане со наа“.“
Таа верува дека ниту таа ниту нејзините деца никогаш нема целосно да сфатат зошто се случила трагедијата.
„Мислам дека тие никогаш нема да разберат зошто тој не преживеа, исто како што јас не разбирам. Имав абрупција на плацентата и постојано морам да го прашувам мојот лекар: „Во ред, но зошто? Зошто се случи? Зошто не преживеа?“.“
Таа, исто така, призна дека катастрофалната загуба ја инспирирала да го промени својот животен стил на подобро.

„Требаше да бидам внимателна“. признала таа. „Пред да забременам со Џек, не живеев здрав живот. Начинот на кој го третирав своето тело не беше најдобар. Бев таков човек што се потсмеваше со вежбањето и ги исмевав моите пријатели кои беа опседнати со CrossFit“.
Денес манекенката се чувствува како подбра личност која сака да оди на одмор со своите деца и ги сака малите нешта во животот.
„Едноставно се чувствувам како покомплетна личност. Обожавам да слушам музика и сакам да ги возам моите деца наоколу и да патуваме. Се чувствувам како да сум подобра мајка, подобра сопруга и подобра пријателка. Сакам да бидам дел од светот.“
Тејген на 30 септември 2020 година објави дека таа и нејзиниот сопруг Џон Леџенд го изгубиле своето бебе неколку дена откако таа беше примена во болница со тешко крварење.
