Англиските супермаркети се празни поради Брегзит и пандемијата, но имаат животен хак за тоа
Британците ги исмејуваат маркетите откако поради недостатокот на продукти пoчнаа да служат со визуелни средства за да пополнат место.
Теско користеше фотографии од аспарагус, портокали, моркови и грозје испечатени на картонски панели наместо да им го понуди на своите клиенти вистинското нешто. Во меѓувреме, Boots во Croydon Whitgift Center користеа празни триаголни картонски кутии за да ги зацврстат своите полици за сендвичи. Купувачите видоа картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс, лажни моркови во Факенхам и 2Д шишиња со течност за перење во Кембриџ.
Сето ова се должи на недостатокот на работна сила, поради Брегзит и пандемијата. Односно постои недостаток на возачи кои би пренесувале вакви продукти. Сепак од Британија уверуваат дека ова е само привремено и наскоро ќе биде можност да се отворат повеќе работни места.





