Ова е дефинитивно најдобриот погрешен одговор што некогаш сте го слушнале во квиз на знаење
На квизот на знаење „Tipping Point“ еден натпреварувач го даде „најдобриот погрешен одговор досега“ кога беше прашан за Хомер.
За оние кои не се упатени во квизовите во Велика Британија, програмата на ITV ги спротивставува натпреварувачите во прилично традиционален формат на прашања и одговори низ низа теми, а тие имаат можност да освојат илјадници долари и други награди.
Во најновата епизода, водителот Бен Шефард постави прашање за Хомер, но натпреварувачот малку се збуни.
Дом, учител од Манчестер, беше прашан: „Во неговите епски песни, Хомер често се осврнува на нектарот како пијалок на боговите и која друга супстанца како нивна храна?“
Прашањето се однесува на авторот кој стои зад еповите како „Илијада“ и „Одисеја“. Но умот на Дом се насочи кон друг Хомер.
„Знам дека сака крофни“, одговори тој, мислејќи на ликот од анимираната серија Симпсонови, Хомер и нековата љубов кон слатките задоволства.
Кога Шефард ја сфати грешката на Дом, тој ја праша другата натпреварувачка Линдзи што би одговорила, на што таа рече: „И јас би рекла крофни. Да, пиво и крофни“.

Натправарувачите подоцна сфатија дека се работи за античкиот писател Хомер, а не за фиктивен лик кој работи во нуклеарна централа и се храни со крофни и пиво, но штетата веќе беше направена. Сепак, ако гледаме на позитивната страна, барем голем дел од луѓето кои ги гледаа шоуто добро се насмеаа.
