Европол во акција: Затвори неколку нелегални дарк-веб пазари и заплени милиони евра и криптовалути

Криминалците повеќе не дејствуваат во живо и на улица, многу од нив се кријат безбедно зад своите компјутери и извршуваат криминални дејствија. Затоа полицијата мора да се прилагоди на современиот свет и да започне војна на дарк-веб мрежата (црниот интернет пазар).

Речиси 150 лица се уапсени како дел од глобалната акција против илегалната трговија на темната мрежа, објави во вторникот Европол, една од најголемите такви акции до сега.

Во акцијата наречена DarkHunTOR запленети се неколку милиони евра пари и биткоини, дрога и оружје.

Акцијата дојде откако DarkMarket предводена од Германија, еден од главните пазари на темната мрежа, беше уништен во јануари под германско водство.

Акцијата DarkHunTOR се состоеше од акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, според Европол.

Околу 65 лица се уапсени во САД, 47 во Германија, 24 во Британија, четири во Италија и четири во Холандија. Неколку од уапсените беа важни цели на Европол.

Запленети се 26,7 милиони евра пари и криптовалути, дрога, вклучувајќи 25.000 парчиња екстази и 45 парчиња оружје.

Италијанската полиција ги затвори илегалните пазари Дип Сеа и Берлускони, каде се рекламираа повеќе од 100.000 нелегални производи, соопшти Европол, кој ја координираше акцијата со Еуројуст.