„Анти-маскер“ доби опасен нокаут откако се обиде да турне гостин во ресторан

Снимката на која „анти-маскер“ како добива тупаница дирекно во лицето е прегледана речиси два милиони пати откако била споделена на интернет.

Глетката на луѓе кои носат заштитни маски е честа појава ширум светот во денешно време, без разлика дали од лични преференции или во согласност со законот.

Правилата за носење маски речиси секаде се слични. Во некои држави со закон се налага носење на маска во затворена просторија дури и ако сте вакцинирани, а некои бизниси бараат од клиентите да носат маски дури и ако тоа не е потребно со закон.

Не е јасно каде се наоѓал ресторанот во ова конкретно видео, но се чини дека имало правило за маска бидејќи тоа го натерало човекот кој не носел маска да се нафрли на персоналот.

Снимката започнува среде кавгата, но веројатно на човекот му било кажано дека не може да влезе во ресторанот без маска. Насочувајќи го прстот кон еден од работниците, тој рече: „Сакате да видите што се случува кога дискриминирате? Ќе ви го срушам ресторанот“.

Тој првично изгледа како да сака да го напушти ресторанот, но потоа се враќа за да му се обрати на друг клиент кој го поддржувал персоналот.

„Анти-маскерот“ почнува да го предизвикува човекот и го турка назад, по што во расправијата се вклучуват и други лица во ресторанот.

Додека две лица се обидуваат да разговараат со мажот, третото се проби и силно го удри со тупаница по лицето, при што тој се сопна наназад и падна на земја.

Видеото брзо привлече внимание откако беше споделено на интернет, при што повеќето луѓе беа на страната на клиентите и персоналот на ресторанот.