Начинот на кој овој глув таксист комуницира со патниците ќе ви го стопи срцето
Понекогаш способноста да слушаме си ја земаме здраво за готово, а пораката на Онур, кој работи како возач на Убер ќе не` натера да размислиме двапати за нашите привилегии.

Пораката гласи: „Здраво, јас сум Онур, добредојде во мојот Убер. Јас сум глув, затоа ако сакаш да ми кажеш нешто те молам пиши ми порака или кога ќе застанеме покажи ми на лист. Може да го искористиш кабелот за да си пуштиш музика, ако имаш нешто со јак бас и јас ќе уживам. Благодарам што ме ислуша, имај убав ден“.
За оние кои можеби не се свесни, постојат различни нивоа на глувост, а да се биде глув не мора да значи дека лицето не може да слуша или да ужива во музика.
Звукот произведен со трзање на бас жица или удар на тапани може многу лесно да го почувствуваат и глувите луѓе, овозможувајќи им да ја почувствуваат музиката преку вибрации. Оттука е и желбата на Онур за силен бас.
