Како би изгледал вашиот дом на 8 различни планети

Како што сите знаеме, живеењето каде било, освен на Земјата, во нашиот Сончев систем би било речиси невозможно. Сепак, тоа не ги спречува некои истражувачи да замислат каков би бил животот на други планети ако и кога ќе ја колонизираме вселената. Ајде да фантазираме за момент и да претпоставиме дека имаме можности да го сториме тоа на безбеден начин.

Претпоставивме дека сета потребна технологија ни е достапна за да ги постигнеме нашите најлуди фантазии и замисливме како ќе изгледаат нашите домови на другите планети.

1. Меркур

Со своите екстремни температурни промени, метеорски дождови, земјотреси и сончева светлина 7 пати поинтензивна од онаа на Земјата, Меркур не е планета на која некогаш би сакале да изградите куќа. За да се бориме против суровите услови, би се одлучиле за подземен бункер. Исто така, би било добра идеја да се сместите во близина на ледената карпа за да имате пристап до вода. И не заборавајте соларни панели. Многу соларни панели.

Ако гледаме на позитивната страна, ќе имате одлична врска за да се јавите дома од време на време, потребни се околу 5 минути за сигналите од Меркур да стигнат до Земјата, и обратно.

2. Венера

Површината на втората најблиска планета до Сонцето е многу жешка, што ја прави едно од најнегостопримливите места во Сончевиот систем. На растојание од 50 km над површината на Венера, условите се всушност прилично слични на оние на Земјата: гравитацијата и атмосферскиот притисок се речиси исти.

Значи веројатно ќе треба да живеете во брод кој лебди над планетата. Неговата надворешност би била заштитена со соларни панели, што значи ќе виде и извор на електрична енергија. И ако случајно имате соседи, вашите воздушни бродови треба да бидат поврзани со „гондоли“ за да можете да се посетувате едени со други.

3. Плутон

И покрај тоа што Плутон повеќе не сме смета за планета, сепак ќе го вклучиме во листата. Плутон е многу студен и покриен со мраз, па вреди да се црпи инспирација од домови во слични услови на Земјата, како иглу. Домовите направени од мраз можат да ја заштитат внатрешноста и нивните жители од радијација.

Внатре (и во вашиот двор), ќе ви требаат многу моќни извори на светлина бидејќи сонцето на Плутон изгледа исто како и Месечината на Земјата. Флуоресцентни светилки се вашата најдобра опција, а ќе ви треба и паметен систем за греење што нема да го топи мразот.

4. Јупитер

Јупитер е гасен џин, па затоа живеењето на него би било тешко, но можеби и возможно. На вашата куќа ќе и треба и специјална подлога што ќе ја одржува над густите облаци на Јупитер и силна заштитна купола. Меурот ќе го задржи и потребниот кислород внатре. Самата зграда треба да биде на еден кат бидејќи ќе бидете побавни и потешки поради гравитацијата и притисокот. Нема таков луксуз како скалите.

Од друга страна, Јупитер има десетици месечини и добар поглед на поларните светлина на север, така што барем ќе имате пријатна глетка од вашиот прозорец.

5. Сатурн

Исто како и другите гасовити големи планети, технички не би можеле да живеете на Сатурн затоа што нема цврсти површини. Така, вашиот дом би бил структура слична на меур кој може да лебди во атмосферата на Сатурн. Исто така, сигурно ќе ви треба заштитен шатор на горниот дел, бидејќи временската прогноза ветува 50% шанса за дожд од дијаманти.

6. Уран и Нептун

Тие 2 се водени планети, составени главно од течности без цврсти површини. Па, сигурно ќе ви треба брод за да живеете овде – нешто слично на подморница. Гравитацијата на овие планети е посилна отколку на Земјата и притисокот е поголем, но истото важи и за океанот.

Ѕидовите треба да бидат изолирани за да добиете топлина, а секоја просторија да биде обезбедена со добро осветлување и LED диоди кои имитираат природна светлина.

7. Марс

Во случајот со Црвената планета, не треба многу да замислуваме: архитектонските специјалисти веќе ги нацртаа прототипите за можните домови на Марс. Една од најимпресивните е куќа слична на школка, специјално дизајнирана да ги издржи бурите од прашина на Марс и да ја одржува дневната светлина. Има и внатрешна градина, која ќе ви овозможи да одгледувате растенија и храна.