Некој треба да ѝ каже на девојкава дека има многу добри места за фотосесија, но погреб дефинитивно не е едно од нив
Една Американка предизвика бурни реакции на Инстаграм откако објави фотографии како позира, облечена во црн фустан, на погребот на нејзиниот татко.

Фотографиите на непознатата жена покажуваат дека таа носи краток фустан со еден ракав и длабоко деколте, црни хулахопки и високи чизми со потпетици додека позира веднаш до ковчегот на нејзиниот татко.

Фотосесијата предизвика бурни реакции од страна на корисниците на социјалните мрежи кои ја етикетираа како „одвратна и бесчуствителна“.

