11 особености на свадбите во различни земји кои ќе докажат дека немаме само ние откачени обичаи

Многу девојки сонуваат за раскошна венчавка, трошењето на кое може да достигне вистински космички размери. Една од најскапите свадби на сите времиња останува свадбената церемонија на принцот Чарлс и Лејди Дијана во 1981 година. Трошоците тогаш изнесуваа 110 милиони долари.Затоа понекогаш се чини дека ништо не може да не воодушеви во светот на белите фустани и тортите со нивоа. Но, сепак традициите во различни места во светот се она што ги прави свадбите уникатни.

Во Кенија таткото ја плука невестата

Во далечната (а со тоа и помистериозна) Африка, постојат многу традиции и правила кои понекогаш ни го прават животот на локалното население неразбирлив. Во племето Масаи, на пример, плукањето се смета за гест на почит, па затоа свадбениот ритуал не може да биде целосен без него. Понекогаш свадбата завршува со тоа што таткото на невестата ја плука ќерка си за среќа.

Холанѓаните градат дрво на желби

Во Холандија, наместо вообичаената свадбена книга на желби, се избира дрво. Гостите се поканети да потпишат мали картички и да ги закачат на гранките на избраниот за прославата или кое било друго мало дрво.

Во Норвешка младенците од тортата ќе го дознаат бројот на идни деца

Главниот десерт на церемонијата во Норвешка воопшто не е како кај соседите и во другите земји. Норвешката свадбена торта е традиционално задоволство направено од прстени од бадем. Се нарекува „крансекаке“. Невестата и младоженецот го креваат горниот прстен: се верува дека колку прстени се креваат со него, толку двојката ќе има деца.

Во Австралија им се даваат камења на младите

На австралиските свадби, семејството и пријателите на младенците собираат мали камења за нив, кои се ставаат во еден сад. „Чаша на единството“, како што се нарекува, потоа се чува во домот на парот како потсетник за љубовта и поддршката на најблиските.

Во Индија сестрите на невестата му ги крадат чевлите на младоженецот

Додека кај нас се подаруваат чевли на невестата, па дури и се ставаат пари во нив, во Индија, сестрите на невестата крадат чевли од младоженецот, а потоа бараат откуп за нивното враќање. Овој ритуал се нарекува џута чупаи. Девојките треба да се обидат да ги сокријат чевлите, а роднините на младоженецот треба да се борат со овие подмолни планови. Ова не е само ритуал, туку еден од начините да се покаже обединувањето на семејствата, нивната подготвеност да се прифатат едни со други и да живеат во љубов и забава.

Кубанците плаќаат да танцуваат со невестата

Во многу култури, вообичаено е невестата да танцува со гостите. Во Куба ова не е бесплатно задоволство. Традиционално, се верува дека секој маж кој танцува со невеста треба да прикачи пари на нејзиниот фустан. Обичајот се практикува да му се помогне на парот да ги плати свадбата и меден месец.

Во Германија, новопечена двојка со пила сече трупец заедно

Во брачниот живот понекогаш ќе дојдат тешки времиња и кризи, бидејќи бракот не е континуиран меден месец. Во Германија, младенците уште од самиот почеток учат заедно да се справуваат со тешкотиите. И првата задача – заедно да исечат огромен трупец – ги чека на свадбата.

Во Јапонија, невестата им пишува писмо на родителите

На крајот од јапонската свадба, невестата чита писмо до родителите во кое им се заблагодарува. Ова е уникатна и многу емотивна традиција која носи солзи кај многу гости.

Во Кина, датумот на свадбата се одредува според традиционалниот календар.

Во Кина, сè уште понекогаш е можно да се избере датумот на венчавката во зависност од поволниот ден од календарот.

Во Шпанија дел по дел ја продаваат вратоврската на младоженецот

На некои шпански свадби, пријателите на младоженецот земаат ножици и му ја сечат вратоврската. Потоа парчињата им ги продаваат на гостите за да соберат што повеќе пари за младенците. Истото понекогаш се прави и со подвезицата на невестата.

Сечење и газење главната работа во Финска

Иако и кај нас постои таа традиција за газење под маса Финците ја сфаќаат малку посериозно. За време на целата свадба тие сѐ треба да сечат заедно, а секако нели и свадбената торта. Се верува дека во семејниот живот ќе доминира личноста чија рака е над раката на партнерот. И кога ножот ќе удри во садот, младенците почнуваат да се газат со нозете. Се верува дека тој што прв ќе одговори ќе стане глава на семејството.