Мачка со неверојатен изглед ги воодушевува минувачите кои ја споредуват со митолошкото суштество химера
Оваа неверојатна мачка со две лица ги воодушевува луѓето со нејзиното уникатно лице, полу портокалово, полу црно, благодарение на ретка генетска состојба.
Шарената Луна има две години и живее со сопственичката Џенет Бел (62) во Вајтеншо, Манчестер, каде што често ги запираат и прашуваат за карактеристиките на мачката.

Џенет ја посвоила Луна од пријателка откако нејзината мачка избегала додека парот бил на одмор и забременила.
Необичното маче е официјално познато како „химерна мачка“ што значи дека Луна има две групи на ДНК бидејќи два различни ембриони се споени во утробата на нејзината мајка.

Џенет рече: „Луна беше првото маче што се роди и кога излезе, ѝ реков на мојата пријателка „ова го сакам“.“
„Многу е убава, не можевме да веруваме, никогаш не сум видела нешто слично“.

Женските мачки можат да се парат и да зачнат бебиња со повеќе од еден машки партнер во исто време, овозможувајќи им да раѓаат мачиња во исто легло, но со различна ДНК.

Кога се спојуваат два ембриони со различна ДНК, се раѓа едно химерно маче наместо две одделни мачки со по еден сет на ДНК.

