Дупла среќа! Кристијано Роналдо ќе Џорџина Родригез наскоро ќе бидат родители на 6 деца

Девојката на Кристијано Роналдо, Џоргина Родригез е бремена со близнаци.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед (36) ја сподели веста со фановите на Инстаграм во четвртокот и изјави дека „срцето му е полно со љубов“.

Роналдо, кој ќе го дочека своето второ и трето дете со Џорџина (27), напиша: „Среќен сум што можам да споделам дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов – едвај чекаме да ги  запознаеме“.

На фотографијата што ја сподели Роналдо може да видиме како тој и Џорџина гордо го прикажуваат ултразвукот на нивните близнаци, заедно со слика од неговите четири деца додека пливаат заедно.

Аргентинската убавица ги сподели истите слики и опис на сопствената социјална мрежа.

Парот веќе воспитува четири деца, ќерката Алана (3), синот Кристијано Џуниор (11) и близнаците Ева и Матео (4).