Плати да клати работа: Оваа 44-годишната американска тетка плаќа по 15.000 долари месечно за „одржување“ на младиот љубовник
Џули (44) одвојува по околу 1 милион денари месечно за поддршка на својот 15-години помлад љубовник. Жената му купува што сака, а тој за возврат прави што бара таа. Покрај тоа, Џули секој месец му дава на партнерот голема сума пари. Таа признала дека порано плаќала повеќе, но станала построга откако мажот направил грешка и заборавил да и го исчисти базенот.
Таа смета дека многу мажи сакаат да излегуваат со постари жени, бидејќи со нив се посмирени и тие не им приредуваат драми. Таа додава дека е 100 проценти сигурна и не се плаши дека избраникот ќе ја остави заради помлада девојка.














