Млада девојка се соочила со полиција затоа што лудата сосетка го „пика носот“ каде што не ѝ е место
Купувањето куќа носи одредено чувство на достигнување бидејќи конечно имате катче на оваа Земја што ви припаѓа само вам. За многу луѓе, тоа го означува моментот кога „успеале“ во животот и тоа е место каде што можат да се чувствуваат безбедно и целосно слободни. Секако освен ако немаат вакви соседи.
Она што може да ја замати среќата на поседување куќа се соседите. Искуството да живеете во вашата куќа е многу попријатно ако луѓето што живеат во близина се пријателски расположени и ве поздравуваат со насмевка кога ќе ги сретнете по патот. Но, ако не се согласувате со нив, сите големи чувства на поседување дом може да станат помалку наградливи.

Пример за тоа е оваа 20-годишна девојка која почнала да се сместува во нејзиниот нов дом кога сосетката ѝ викнала полиција.
Постарата госпоѓа мислела дека „нема шанси“ девојката да е сопственичка на куќата затоа што е премногу млада и не може да си дозволи и дека „незаконски“ живее во куќата.
Приказната се одвива во мал град со околу 500 луѓе во јужниот дел на Илиноис. 20-годишната девојка успеала да си купи куќа за 15 илјади долари и вели дека била во доста добра состојба затоа што била толку евтина.
Претходниот сопственик веќе подолго време не бил жив и куќата била на продажба. Таа сакала првин да изнајми дом, но кога ја видела добрата понуда одлучила да ја купи куќата.

Скоро еден месец откако се вселила во куќата и садела цвеќиња во дворот сосетката која има околу 50 нешто години по име Џејн дошла да се запознае со неа. Џејн ја прашала дали е потстанар, а кога девојката ѝ кажала дека е сопственик на куќата таа се шокирала и не ѝ верувала.
Немајќи никаква причина за тоа, Џејн не ѝ поверувала, но отишла дома без да предизвика никаков инцидент тој пат. Ситуацијата почнала да ескалира кога девојката почнала да си ја бои влезната врата. Лутата сосетка дошла и ѝ кажала дека е подобро да има дозвола од сопственикот да го прави тоа и не прифаќала дека девојката е сопственичка.
Сосетката била толку уверена дека младата девојка не може да е сопственик на куќата и побарала од неа да ѝ покаже документи за доказ. Зафатената девојка ѝ рекла дека не може сега да се замара со неа и да ја остави на мир да си ги врши работите.

Ситуацијата ескалирала и постарата соседка повикала полиција и пријавила дека во куќа нелегално живее лице. Кога се појавила полицијата, младата жена соработувала, ги покажала документите и побарала од Џејн да се тргне од нејзиниот имот.
Џејн ѝ се развикала дека требала да ѝ ги покаже документите уште на почетокот, а не да си создава непријатели меѓу соседите. Младата девојка поставила прашање на социјалните мрежи дали можеби постапила погрешно, дали навистина требала да ѝ ги покаже документите на сосетката како доказ?
