Ако мислевте дека казната затвор поради кажана шега е нешто од минатото, ужасно се лажете
Еден маж во Кина, наводно, бил затворен девет дена откако полицијата открила дека испратил „навредлива“ шега на своите пријатели.
Според моето лично искуство, групните разговори се 30% брборење, 70% шеги. Испраќаш нешто смешно, твоето его добива мало засилување со реакцијата на другите и продолжуваш со денот.

За овој човек, кој е идентификуван само со неговото презиме Ли, навидум безопасна шега довела до тоа да биде приведен од полицијата.
Се вели дека Ли ја испратил шегата во групаа со повеќе од 330 членови на кинеската платформа за социјални медиуми WeChat минатиот месец, по поплаките за локалните ограничувања за COVID-19.
Кина сè уште има строги мерки за заштита од коронавирусот, вклучително ограничувања на патувањето и масовно тестирање.
Шегата била фотографија на куче со полициска капа кое држи значка и покажуваше кон камерата. Се вели дека е вообичаена слика на апликацијата, со различни варијации со други животни или цртани ликови.

Меѓутоа, локалната полиција во градот Кингтонгксија, во регионот Нингсија, била известена за објавата од член на јавноста, кој очигледно го обвинува Ли за испраќање шега која „го навредува имиџот на полицијата“.
Истрагата започнала брзо при што полицајците откриле дека Ли бил „незадоволен од мерките во заедницата“ во врска со пандемијата. Тој бил повикан во станицата, каде што на крајот „признал незаконсо навредување на полицијата“. За казна му е одредена мерка притвор во траење од девет дена.
