Жива вистина (виц)

Стадо бизони може да се движи најмногу со брзината на најбавниот бизон. Кога стадото е нападнато, прво умираат најбавните и најслабите животни. Оваа природна селекција е генерално добра за стадото бидејќи севкупната брзина и здравје на целата група се подобруваат со редовно убивање на најслабите поединци.
Слично на тоа, човечкиот мозок може да работи толку брзо колку што работи најбавната мозочна клетка. Како што сите знаат, алкохолот ги убива мозочните клетки, но природно најбавните и најслабите клетки се напаѓаат прво. На овој начин, редовното консумирање алкохол ги елиминира најслабите мозочни клетки, правејќи го мозокот побрза и поефикасна машина!
Затоа човек по неколку ракии станува попаметен!