Кој ќе одговара за стампедото на концертот на раперот Тревис Скот во кое загинаа 8 посетители?
Еден од посетителите на фестивалот во „Астроворлд“ ги тужи Тревис Скот и Дрејк тврдејќи дека раперите „ја поттикнале толпата“ што го оставила него „тешко повреден“ и предизвикала 8 смртни случаи.
Кристијан Паредес (23) од Остин, Тексас, поднесе жалба обвинувајќи ги раперите, „Live Nation Entertainment Inc“ и „Harris County Sports and Convention Corporation“ за небрежност.
Според жалбата, специјалниот гостин Дрејк „излегол на сцената заедно со Тревис Скот и помогнал да се поттикне толпата“.
Тој го обвинува Дрејк дека продолжил да настапува со Тревис Скот „и покрај тоа што толпата била надвор од контрола“.
„Толпата стана хаотична и почна стампедо, оставајќи осум мртви и десетици, вклучувајќи го и Кристијан Паредес тешко повредени“, се вели во тужбата.
„Многу луѓе ги молеа чуварите ангажирани од „Live Nation Entertainment“ за помош, но беа игнорирани“, продолжува тужбата.
Паредес во тужбата вели дека повредите и смртните случаи се должат на „небрежност и невнимание“ на „обвинетите, нивните агенти, службеници и вработени кои се задолжени за надзор и контрола“.
Адвокатот од Тексас, Томас Џеј Хенри, кој го застапува Паредес, рече: „Нема оправдување за настаните што се случија во петокот вечерта“.
„Постојат индикации дека изведувачите и организаторите не само што биле свесни за бурната толпа, туку и дека можеби имало повреди и потенцијални смртни случаи. Сепак, тие решија да го ценат профитот повеќе своите присутни и дозволија смртоносното шоу да продолжи“.
„Музичките изведби во живо треба да инспирираат катарза, а не трагедија. Многумина од овие посетители на концертот со месеци се радуваа на овој настан и заслужија безбедна средина во која ќе се забавуваат и уживаат во вечерта. Наместо тоа, нивната ноќ беше ноќ на страв, повреди и смрт“.
На социјалните мрежи се појавија сцени од трагичната ноќ, на кои гледачите на концертот се онесвестени додека раперот го продолжува својот настап.
Паредес сега бара над 1 милион долари за неговите телесни повреди, од кои некои тврди дека се трајни, како и за покривање на медицинските трошоци.
Скот, кој рече дека е „уништен“ поради смртните случаи и дека не може да „замисли дека се случило вакво нешто“, двапати беше осуден затоа што ги охрабрувал обожавателите да ги прескокнат безбедносните бариери и да се качат на сцената на претходните концерти.
Видеото кое кружи на Твитер покажува како обожавателите го молат раперот да престане да настапува и скандираат „запри го шоуто“ додека посетителите на концертот беа соборувани од другите присутни.
„Посетителите го снимаа концертот, а други даваа вештачко дишење. Обожавателите молеа да се прекине концертот, луѓето умираат. Никој не слушаше“, изјави медицинската сестра која била присутна на настанот.
Таа исто така сподели дека иако тие не се виновни за трагедијата, медицинскиот персонал на настанот бил неподготвен и неискусен.
„Компресиите се правеа без проверка на пулсот, така што луѓе кои имаа пулс добиваа вштачко дишење, но во меѓувреме немаше доволно луѓе за да прават компресии на поединци кои всушност беа без пулс. Медицинскиот персонал немаше услови за да ја заврши својата работа и покрај толпата околу нас што се обидуваше да натера некој да го прекине концертот, тие само продолжија“.
После тоа, раперот бил виден како липа. Извор близок до него изјави дека „немал поим што се случува, тој бил на сцената и настапувал“.
„Тој е избезумен, никогаш не сум го видел таков“, додаде изворот.
Раперот на Инстаграм објави видео на кое се извинува за настаните и изјави дека работат на идетификација на жртвите со цел да им се помогне на семејствата. Тој продолжи велејќи дека „неговите фанови му значат многу и дека секогаш сака да имаат убаво искуство на неговите настапи и дека тој не знаел што се случува со топлапа додека не било предоцна“.