Поштарот го искористил службеното возило за лични задоволства, но не може да избега од будното око на корисниците на интернет

Возач на Амазон кој бил отпуштен поради видеото на кое се гледа оскудно облечена жена како излегува од неговото службено комбе, вели дека тој „доставува пакети“ и „врзувал крај со крај“.

Тајван Џорџ рече дека го направил „она што би го направил секој друг човек во Америка во неговата ситуација“, што вклучувало и „поминување време со својот партнер“ во задниот дел на службеното возило.

Кога беше прашан да елаборира за неговите активности зад затворени врати, насмеаниот Џорџ одговори: „моја работа“ и додаде дека неговите должности вклучуваат испорака на пакети.

„Токму тоа го правев“.

Видеото, снимено во јуни и објавено на TikTok во октомври, прикажува неидентификувана жена со телефонот ставен во деколтето како излегува од задниот дел од комбето додека доставувач облечен во неговиот син елек ја држи вратата отворена за неа.

Се чини дека жената е боса.

Претставник на компанијата изјави дека постапките на возачот не ги „одразуваат високите стандарди што ги имаме за нашите  услуги“.

„Дозволувањето на неовластени патници да влезат во возила за испорака е прекршување на политиката на Амазон и возачот повеќе не доставува пакети на клиентите на Амазон“, велат од компанијата.

Џорџ рече дека јавноста имала погрешна слика за сцената и дека знаел штом видеото станало популарно дека неговото време со гигантот за онлајн шопинг завршило.

„Сите погрешно го разбраа видеото“, изјави тој. „Киријата е висока во градот. Едвај се врзува крај со крај, ако разбирате што велам“.