Не мора да бараме далеку, во Македонија има титани кои изгледаат како да излегле од фитнес списание
Кога гледаме мажи со совршени и мускулести тела често си помислуваме дека тие се „ендемски вид“ само за кориците на светските фитнес списанија или филмовите во Холивуд. Но тука сме да ви покажаме дека и во Македонија младите момци одлично се грижат за своето здравје што пак резултира со совршено обликувани тела.
Прв на листата е Филип Арсовски
Со тело покриено со уникатни тетоважи и дефинирани мускули, Филип е дефинитивно момче по кое би се свртеле два пати во теретана.
Бојан Тодороски
Бојан моментално живее во Москва и работи како личен тренер. Можеме да се согласиме дека машката популација има достоен претставник пред девојките во Русија.
Александар Стојменов
Ако по овие фотографии чуствувате мала тахикардија, имате среќа. Александар покрај тоа што е фитнес интузијаст е и кардиолог. Tој, покрај програмата за вежбање, може да ве советува и како да се грижите за вашето здравје и како правилно да се исхранувате. Ако се` уште не се чуствувате добро, правец кај д-р. Александар.