Не е важно што си милијардер, кога Леонардо ди Каприо ќе се појави чувај си ја партнерката
Милијардерот, основачот на Амазон, Џеф Безос, се „скара“ со Леонардо ди Каприо, упатувајќи „закана“ до актерот на Твитер откако неговата девојка Лорен Санчез беше фатена како се „топи“ покрај згодниот актер.
Видеото од 10-тата гала за уметност и филм на округот Лос Анџелес ја покажува Санчез (51) како е видно воодушевена од Ди Каприо (46), додека навидум го игнорира својот партнер Безос (57), кој стои веднаш до неа.
Како одговор на клипот, Безос се обиде „машки“ да го реши Ди Каприо, повикувајќи го на Твитер, додека на шега му се закануваше дека ќе го турне од карпа.

„Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто“, напиша бизнисменот над фотографија на која позира покрај натпис на кој пишува: „Опасност! Стрмна карпа, фатален пад“.
