Пред 30 години водоводџија ги помешал цевките за вода во една болница и отогаш никој не забележал дека пие вода од тоалет

Една јапонска болница случајно користела вода за пиење  од тоалетот речиси 30 години бидејќи цевките биле погрешно поврзани.

Шокантната грешка беше откриена во болницата на Универзитетот Осака во Суита, Јапонија минатиот месец, кога се дозна дека некои цевки за вода од чешма биле поврзани со тоалетот.

Болницата на 20 октомври објави дека некои од цевките за вода од чешма во медицинскиот оддел биле погрешно поврзани.

Меѓутоа, по понатамошна истрага, се откри дека околу 120 чешми биле неисправни и дека проблемот датира скоро 30 години, од отворањето на болницата во 1993 година.

Болничкиот персонал и пациентите ја кориселе небезбедната вода за пиење, миење раце и гаргара без да го знаат нејзиниот извор.

Грешката никогаш не била забележана додека управата на болницата не започнала со реновирање.

Универзитетот соопшти дека го истражува случајот и иако се проверува квалитетот на водата, не е потврдена опасност по здравјето.
Од болницата, исто така, рекоа дека ќе ги проверат цевките и ќе ја поправат грешката.

Извештаите тврдат дека болницата ја проверува бојата, мирисот и вкусот на водата најмалку еднаш неделно и дека не биле пријавени никакви проблеми од почетокот на евиденцијата во 2014 година.