Жена влегла во живеалиштето на лавовите во зоолошка градина и почнала да им фрла банкноти од 100 долари на животните

Жена облечена во руса перика е забележана како ја прекокнува оградата во зоолошката градина во Њујорк и фрла банкноти од 100 долари кон лавот.

Бизарниот инцидент беше снимен на камерата околу 16 часот во четвртокот на 11 ноември, кога жената се качила на оградата на живеалиштето на лавовите во зоолошката градина Бронкс во Њујорк.

Очевидци на местото на настанот рекоа дека жената му се обраќала на животното како да е пријател и носела цвеќиња и пари.

Во продолжение погледнете ја снимката од зоолошката градина:

 

Облечена во црвен фустан и шал со леопардски принт, жената може да се слушне како вели „Толку ми недостигаше“ на видеото, кое било снимено од маж во зоолошката градина.

Вработените во зоолошката градина биле предупредени за ситуацијата од страна на посматрачите, иако надлежен рекол дека жената си заминала од заградениот простор додека вработените стигнале таму.