Неверојатен подвиг: 152 роденден на каналот при чија изградба загинаа дури 125.000 луѓе

Суецкиот канал е вештачки изградена граница меѓу африканскиот и азискиот континент што ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море. Има неверојатно стратешко значење за светот бидејќи ја скратува рутата меѓу Атлантскиот и Индискиот Океан за 7.000 километри. Не само што е најблиската поморска врска помеѓу западната и источната хемисфера на Земјата, туку е и најважниот воден пат за танкери кои доставуваат нафта од Блискиот Исток до Европа.

Каналот се градеше десет години, а за негово доизградба е одговорна француската компанија Campagnie Universelle du Canal de Suez. Името го добила по египетскиот град Суец, кој се наоѓа во јужниот дел на каналот.

Се проценува дека во неговата изградба биле вклучени милион и пол луѓе од различни земји во светот. Отпрвин го граделе само Египќани – главно под притисок на локалните власти, но со текот на времето им се придружиле работници од многу други земји.

Суецкиот канал е изграден во многу тешки услови. Сите градежни материјали беа доставени од Европа со помош на неколку илјади камили, што го забави целиот процес. Пред се, недостигот на вода за пиење беше секојдневна појава. Се проценува дека околу 125.000 луѓе загинале за време на изградбата од колера и други заразни болести.

Кога бил изграден во ноември 1869 година, каналот бил долг 164 километри и длабок околу осум метри. Неодамна беа направени повеќе модификации, па сега е долг околу 193 километри, длабок 24 метри и широк 205 метри.

Препознатлив дел од оваа област е 3,9 километри долгиот мост на пријателство меѓу Египќаните и Јапонците, кој се издига околу седумдесет метри над Суецкиот канал. Се нарекува и Мировен мост Мубарак, Ал Салам и Ел-Кантара. Изграден е од корпорацијата Каџима со поддршка на јапонската влада и е отворен во октомври 2001 година.

Каналот беше отворен за јавноста на 17 ноември 1869 година, а оваа година слави 152 години од своето постоење. Сите можевме да видиме колку е важен каналот за целиот свет во март годинава, кога огромниот товарен брод Евер Гивен се насука и шест дена го блокираше преминот на други бродови, со што ја потресе светската економија …