Крис Еванс и неговиот посвоен миленик „близнак“ ги стопија срцата на интернет корисниците низ целиот свет

Крис Еванс во вторникот објави слика на Инстаграм од него и неговиот спасен миленик, а женските срца се стопија само неколку секунди по објаввувањето.

40-годишниот актер под сликата напиша „Близнаци?“

Ѕвездата на „Капетан Америка“, која има повеќе од 13,3 милиони следбеници, собра повеќе од 2,7 милиони лајкови на објавата.
Актерот од Бостон го поседува кучето четири и пол години, откако го посвои за време на продукцијата на неговиот филм „Надарени“ во април 2017 година.

Зборувајќи за тоа, актерот од  ги објасни околностите кои довеле до спасување на неговото куче Доџер.

„Една од последните сцени што ги снимавме беше во центар за спасување на кучиња“, изјави Еванс. „Влегов и си помислив: „Дали се овие кучиња, актери или се вистински кучиња за посвојување?“ Беа за посвојување, а јас го најдов мојот најдобар пријател таму“.