Иднината пристигна, а оние со подлабок џеб можат да уживаат во новиот лебдечки мотор

Јапонскиот старт-ап ALI Technologies го претстави својот лебдечки морот XTurismo Limited Edition, при што компанијата има за цел да произведе 200 мотори, со тежина од 300 килограми, за еден возач до средината на 2022 година.

Технолошкиот старт-ап го откри својот неверојатен производ на тркачката патека Fuji Speedway.

Како функционира? Па, ALI Technologies велат дека лебдечкиот мотор може да лета 40 минути со 100 километри на час со едно полнење.

Претседателот и извршен директор Даисуке Катано одржа презентација за визијата на компанијата за производот.

Тој рече:

„Ќе овозможиме итна употреба на лебдечкиот мотор во време на катастрофи, а во исто време ќе промовираме негова употреба и за забава, во неитни случаи“.

„Со цел да се имплементира оваа технологија во општеството, чувствуваме потреба прво да развиеме регулативи и да поттикнеме општествена прифатливост. Ќе ја развиеме оваа технологија како индустрија која може да придонесе за општеството“.

Сега можете официјално да си нарачате лебдечки мотор за 680.000 долари.