Неочекувани коинциденции на улиците на Њујорк, забележани од фотограф од Русија
Ерик Коган е фотограф кој е роден во Санкт Петербург, Русија, но кога имал 5 години дошол во САД. Тој моментално живее во Њујорк, но всушност пораснал во Њу Џерси. Идејата на неговиот татко била да се пресели во САД бидејќи бил фасциниран од американската култура.
Њујорк има посебно место во срцето на фотографот, бидејќи Кони Ајленд отсекогаш бил втор дом за него, поминувајќи цело лето како дете со сонародници кои имаат густа заедница таму. Ерик почна да го посетува Институтот Прат во 2008 година и оттогаш живее во Бруклин.
На својата страница на Инстаграм, Ерик Коган објавува фотографии од улиците на Њујорк само кога ќе види интересни случајности кои можат или да ве насмеат или да ве изненадат.
























