Џенифер Лоренс го сподели својот став во врска со тоа што нејзиниот колега Леонардно Ди Каприо има повисока плата од неа

Џенифер Лоренс ги откри своите размислувања за тоа зошто нејзиниот колега од филмот „Не гледај нагоре“, Леонардо ди Каприо заработил 5 милиони долари повеќе од нејзината плата од 25 милиони долари за мрачната комедија.

Во интервју 31-годишната актерка откри дека се борела нејзиното име да се појави прво во заслугите за филмот, објаснувајќи дека  сакала тоа да се „одрази“ на платата.

Меѓутоа, иако успеала да го обезбеди првото место во заслугите, подоцна дознала дека нејзиниот 47-годишен колега заработил  плата од 30 милиони долари, 5 милиони повеќе од нејзината плата од 25 милиони долари.

Зборувајќи за разликите во платите, Лоренс призна дека „Лео носи повеќе публицитет“ и инсистираше на тоа дека е „исклучително среќна со нејзиниот договор“.

Сепак, оскаровката истакна дека сè уште е „исклучително непријатно да се зборува за еднаква плата“, откривајќи дека честопати, какви било разлики во платите се препишуваат на други прашања, иако никој никогаш не може да утврди кои се тие.

„Видете, Лео носи повеќе публицитет“, рече таа. „Јас сум исклучително среќна со мојот договор. Но, во други ситуации, она што го гледам, а сигурна сум дека го виделе и други жени,  е дека е крајно непријатно да се зборува за еднаква плата. Ако почнете да поставување прашања, ќе ви кажат дека не е поради родовата разлика, но не можат да ви кажат што точно е“.

Јазот во платите меѓу Лоренс и Ди Каприо првпат беше објавен во септември, кога „Variety“ сподели листа на ѕвезди кои најмногу заработуваат во индустријата, откривајќи несовпаѓање од 5 милиони долари во платите на колегите.

Приказната за драматичната комедија ги прикажува Лоренс и Ди Каприо како пар астрономи кои се убедуваат да ги предупредат луѓето дека смртоносната комета се движи кон земјата.

Филмот „Не гледај нагоре“, кој треба да се појави во кината и на Нетфликс на 24 декември, може да се пофали со „ол-стар“ актерска екипа вклучувајќи ги Мерил Стрип, Џона Хил, Тимоти Шаламет, Тајлер Пери и Аријана Гранде.