Пронајдете го Оскарот! Паразит (конкурентот на „Медена земја“) го сокри Оскарот во постер уште пред да добие 4

Оваа година на Оскарите имаше прилично големо изненадување, кога станува збор за доделување на престижната награда повеќе пати на еден ист филм.

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) успеа да „собере“ четири оскари – најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија и оригинално сценарио.

„Незапирливо жестоката трагикомедија“ на Бонг Џун-хо го потресе светот, а и стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје да освои „Оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио.

Паразит ја следи приказната на семејството Ким, сиромашно семејство кое живее во подрум, а членовите се шарлатани со семејството од горната класа, Парк, кои живеат во еден од најубавите домови во Сеул.

Сепак ова не е крајот на изненадувањата од „Паразит“. Одбележувајќи го пристигнувањето на филмот во Велика Британија, „Curzon Artificial Eye“ се здружи со илустраторите Ла Бока за да создаде сублимитивно детален, чуден, пејсаж за тоа како изгледа животот на луѓето долу и горе. Она што е интересно е што во сликата го има и ОСКАРОТ!

Дали можете да го видите? Доколку не успеавте, одговорот е на втората страна.