Да истражуваме гринго! Пирамиди, пештери, плажи и други никогаш неразјаснети тајни на Мексико
Мексиканското крајбрежје е прекрасно, но дали знаевте дека и континенталниот дел има грст што да понуди? Откако ќе одлучите да ги истражите оние делови од Мексико кои не се појавуваат толку често во туристичките водичи, ќе откриете дека има прекрасни градови, магични пејзажи и многу повеќе тајни за долгорочно истражување.
Пирамиди

Кога некој ќе ви ги спомне пирамидите, Мексико секако не е првата земја што ќе ви падне на памет. Но, и покрај ова, мексиканските пирамиди се исто толку интересни и интригантни како и египетските.
Шарени градови

Мексико е полн со слатки живописни градови. Прекрасни шарени згради и продавници полни со сувенири буквално ќе ве натераат да се смеете од задоволство. Еден од нив е гратчето Чолула кое има дури 365 цркви.
Планини

Мексико има многу пустини со оние огромни кактуси што ги гледате одвреме навреме во филмовите, но во неговата внатрешност има малку повеќе живот. Така, во областа околу градот Оахака ќе најдете необични планини, а меѓу нив и скриените термални извори на Хиерве Ел Агуа низ кои тече вода од длабочините на варовничките планини – вистинско ремек дело на природата.
Планински градови

Во планинската област, која се протега долж централно Мексико, ќе го најдете малиот град Сан Кристобал. Жените облечени во традиционална облека што шетаат меѓу пастелни куќи се нормална појава овде. Вистинска мамка за туристите.
Пештери

Државата Јукатан има илјадници „дупки“ познати како Ценоти. Овие пештери настанале од ерозијата на варовничките карпи, а потоа се наполниле со вода од подземните извори. Што е толку посебно за тоа? Овде имате можност да запливате во совршено бистра и чиста изворска вода која ретко ќе имате можност да ја видите.
Џунгла

Друга работа што не е поврзана со Мексико – џунглата. Но, сериозно, Мексико е полно со прекрасни џунгли со растенија и животни кои ги нема речиси никаде на друго место во светот.
Плажи

И конечно, по што е најпознато Мексико – веднаш по текилата. Можеби сте слушнале за Канкун, Кабо Сан Лукас, Акапулко и Пуерто Ваљарта, места каде секој би сакал да пие коктели додека е на одмор. Но, дали сте слушнале за Akumal, Bonfil, Xph Ha? Ова се неоткриени плажи на кои нема да наидете на гужви и ќе можете совршено да уживате во одморот во недопрена природа.
