Зимата ја презема магијата во свои раце и го претвори Царев Врв во ледено кралство

Зимата пристигна во Македонија и на неколку места снегот се спушти и во градовите. Сепак оние кои беа поавантуристични се качија на планините за да ја почувствуваат зимската идила од прва рака. Дарко Ристовски го искачил Царев Врв и фотографиите ги споделил со јавноста поточно во фејсбук групата „Патувања низ Македонија“. Навистина е прекрасно да се види како природата ја врши работата на магионичар и создава уникатна уметност.

Царев Врв е планински врв на Осоговските Планини во Република Македонија, висок 2.084 метри. Исто така е познат и по својот турски назив Султан Тепе. На Царев врв искачувањето може да се изврши од две страни: од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско преку Пониква.

Доколку одите од Крива Паланка планинската патека е долга 25 километри во правец и ќе ви бидат потребни околу 5 часа за да ја поминете. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна.

Доколку се оди од Кочани првин треба да се стигне до Пониква. Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото поранешната земјоделска задруга “Галеб“ – Тркање, некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката ви се потребни 5 часа.