Ирска ги затвори ноќните клубови, а Британија одлучи да не се откажува од божиќните забави

Борис Џонсон објави во петокот вечерта дека сака Британците да уживаат во Божиќ што е можно „понормално“. Премиерот призна дека има „прилично голема неизвесност“ со божиќните забави. Но, тој рече дека е „погрешно“ луѓето да размислуваат за откажување сезонски настани, велејќи дека „строгите мерки“ на владата на границите треба да и помогнат на земјата да ја заобиколи потребата за дополнителни ограничувања.

Британците веќе почнаа да го слават претстојното доаѓање на празниците и за време на викендот одеа по пабови, градници и клубови.

Ирска, во меѓувреме, ги затвори ноќните клубови, воведе ограничувања за баровите и рестораните и воведе ограничувања за мешање во домаќинствата за да го забави ширењето на Омикрон.