7 знаци дека некоја личност постојано глуми жртва

Едно лице кое глуми жртва обично изразува многу негативности и верува дека нивните проблеми ги предизвикува некој друг, но никогаш тие самите. Сигурни се дека нивните активности немаат никаква врска со решавањето на нивните проблеми, така што остануваат да се чувствуваат потполно беспомошни.

Можеме да се справуваме со нив секој ден од нашите животи, да чувствуваме сочувство кон нив и да сакаме да им помогнеме, но понекогаш без да бидеме свесни, тие можат да нѐ манипулираат во процесот.

1. Тие се сожалуваат сами себе

Светот е суров и тие се премногу слаби за да променат нешто во врска со тоа. Вака размислуваат жртвите и се трудат истото да му го прикажат на светот. Колку повеќе луѓе реагираат на ова, толку повеќе жртвите се заглавени во оваа улога.

2. Тие манипулираат

Тие сакаат да изгледаат немоќни за да стекнат сочувство и да ја добијат вашата наклонетост и поддршка. Ова ќе ѝ овозможи на жртвата да си поигра со вашите чувства и да ве манипулира. Тие исто така можат да направат да се чувствувате виновни за сè што некогаш сте им направиле. На крајот, тие го прават тоа само за да добијат поголемо внимание и да ги натераат луѓето да ги слушаат.

3. Тие се како емотивни вампири

Луѓето кои флумат жртва можат да бидат прилично напорни бидејќи се обидуваат да ги натераат другите луѓе да им помогнат да се справат со проблемите. Тие создаваат слика на „јадна“ личност, одбиваат да ја преземат одговорноста за било што и на крајот, зависат исклучиво од луѓето околу нив. Откако ќе бидете со нив подолг временски период, ќе се почувствувате како трпеливоста, енергијата и емоциите се „исцедени“ од вас.

4. Нивниот живот е во мирување

Бидејќи жртвите обично се сигурни во нивната беспомошност, тие не прават никаков обид да го продолжат животот и да се подобрат со нешто. Во суштина, тие стануваат заглавени во еден период од нивниот живот. И да ги влошиме работите, тие секогаш ќе имаат уште 100 причини зошто им се случило ова и сите ваши обиди да им помогнете ќе бидат одбиени од почеток.

5. Тие создаваат бариери

Тие не сакаат да слушаат нешто што ќе кажете за нивното однесување или став и не сакаат да се соочат со фактот дека се токсични. Ако тоа се случи, тие ќе изберат да ги избегнуваат луѓето и да запрат каква било комуникација со нив. Овој претемотивен и ирационален менталитет создава многу хаос во нивните односи со луѓето и за жал, тие нема да ги видат секогаш своите грешки.

6. Тие не можат да престанат да се споредуваат со другите

Бидејќи им недостасува самодоверба, не можат да престанат да размислуваат дали се подобри или полоши од кој било друг. Обично, тие ќе се споредуваат со другите на негативен начин и потоа ќе се депресивни за тоа. Но, реалноста е, никој од нас не е совршен и на сите ни недостасува нешто, што е сосема нормално.

7. Тие лесно предизвикуваат кавги

Луѓето со различни мислења, критики или оние кои не се согласуваат со жртвите, можат да бидат сериозно сфатени. Тие чувствуваат дека луѓето околу нив сакаат ментално да ги повредат, така што жртвите се секогаш подготвени да „одат во војна“.