96-годишна баба е најстарата гимнастичарка во светот и може да не засрами со вештините
Според Гинисовата книга на рекорди, жителката на Германија Јохана Квас стана најстарата гимнастичарка во светот. Ова се случи пред девет години, оттогаш секоја година таа ја потврдува оваа титула. Инаку, таа во спортот дојде на 56 години.
Квас смета дека нема возрасна граница за вежбање гимнастика и ќе го прави тоа што е можно подолго.
Претходно беше професорка по физичко, па лесно можеше да се префрли на гимнастика.
