„Почитувани насилници, медиуми, родители, инфлуенсери…“: Хрватка отвори болна тема на која сите треба добро да размислиме

Пред некој ден Балканот го потресе веста за 21-годишната јутуберка и гејмерка Кика, од Србија, која си го одзема животот. Она што дојде како дополнителен шок е што девојчето повеќе од 2 години била мета на онлајн насилство односно cyber bullying.

Оваа тема е прилично занемарена на Балканот, а факт е дека социјалните мрежи се повеќе имаат влијание во животите на младите. Ана Бучевиќ, е мотивационен говорник и мајка која отворено одлучи да продискутира за оваа тема и да им се обрати на сите вклучени со многу разбирање.

Насловот на нејзиното видео „Почитувани насилници, медиуми, родители, инфлуенсери, јутјубери и сите останати“, воопшто нема намера да нападне или осуди некој, туку едноставно покажува со што се соочуваме и како можеме сетоа тоа да го спречиме почнувајќи од себе.