Шведска маса за 1000 гладни макаки мајмунчиња во Тајланд
По две години пауза поради пандемијата, фестивалот на мајмуните се врати во Лопбури, Тајланд. Туристите не се двоумеа да дојдат да го видат спектаклот и ги преполнија улиците на градот.
Градот Лопбури е домаќин на овој необичен фестивал на давање овошје на својата популација на макаки мајмунчиња. Традицијата трае од доцните 1980-ти, па до денес и е делумно религиозна, а делумно туристичка атракција.
Во рамките на фестивалот, градот поставува трпези со два тона овошје и зеленчук за мајмуните да уживаат.
На овогодинешниот фестивал, околу 1.000 гладни макаки се качија на масите наполнети со овошје во близина на 800-годишниот храм Пра-Пранг Сем Јод.
Позитивните мајмунчиња се обидуваа да воспостават познанства со своите далечни роднини, крадеа капи, џвакаа долга коса и правеа други смешки.

























